ZTE Q7 тргна по стапките на iPhone 6 Plus
Објавено на 10.12.2014 во Новости
ZTE е уште еден кинески бренд кој лансира смартфон со сличен дизајн на новиот iPhone со надеж дека ќе се приближи во високата класа. Затоа на сцена стапува ZTE Q7 кој навистина потсетува на iPhone 6 Plus, но не може да се каже дека дизајнот е клониран како кај останатите брендови, барем не засега.
ZTE Q7 има речиси идентични димензии како и iPhone 6 Plus со 157 x 78 x 7.9 mm, како и ист 5.5 инчен дисплеј, но со понизок степен на HD резолуција од 720p. Смартфонот работи на осум-јадрен Mediatek процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, со 8 мегапикселна главна камера, а за софтверот е употребена верзијата на Android 4.4.4 KitKat.
ZTE Q7 доколку не се труди премногу да го имитира iPhone 6 Plus може да добие позитивни оценки од медиумите, а со пониска цена од околу 300 долари може да се наметне во средната класа.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.