LG ќе го открие првиот 8K HD телевизор
Објавено на 12.12.2014 во Новости
LG се подготвува да го освои целото внимание на претстојниот саем CES 2015 во Лас Вегас со откривањето на првиот прототип на телевизор со импресивна 8K HD резолуција со 7860 x 4320 пиксели.
Ова ќе биде голем подвиг на LG бидејќи новите телевизори се уште не може да го наметнат 4K HD стандардот за кој има мал број на содржини снимени во соодветната резолуција и тешко е да се забележи вистинскиот ефект, а пак видеа или филмови со 8K HD резолуција воопшто и нема.
Затоа ќе биде интересно да се види каква ќе биде визуелната презентација на LG, па сигурно тие ќе бидат меѓу првите кои ќе ги наметнат новите технолошки стандарди.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.