HTC го потврди учеството на CES со нов Desire смартфон

Објавено на 31.12.2014 во Новости



HTC го потврди учеството на CES со нов Desire смартфон

HTC најави дека во 2015-та ќе се фокусира на повеќе евтини, но квалитетни смартфоните и најверојатно првиот чекор ќе го направи на саемот за технологија CES 2015 кој ќе се одржи на почетокот на јануари. 
 
 
Првиот тизер постер на HTC кој служи како најава за настапот на CES 2015 е за нов Desire смартфон за кој се уште нема никакви официјални детали, но според нашите прогнози очекува квалитетен уред со 64 битен процесор, 13 мегапикселна камера и Android 5.0 Lollipop оперативен систем. 
 
 
HTC на овој начин ги спласна надежите дека на CES ќе биде промовиран или барем најавен новиот премиум модел HTC One M9 Hima за кој сепак ќе треба да почекаме уште некој месец.