ZTE прави нов клон на iPhone 6

Објавено на 16.01.2015 во Новости



ZTE прави нов клон на iPhone 6

ZTE се обидува да се пробие на кинескиот пазар откако Xiaomi и Meizu направија вистински бум со евтини потези, односно со лансирање на очигледни клонови на iPhone 6. Првиот модел ZTE Q7 имаше дисплеј од 5.5 инчи, а сега се подговтува и помалата верзија со 4.7 инчи.
 
 
ZTE Blade S6 ќе биде новиот клон со HD дисплеј, Android 5.0 Loollipop и 4G LTE конекција, како и пониска цена од околу 250 долари. Овие клонови ZTE досега ги лансираше само во Кина бидејќи таму не се плаши од можна тужба од Apple, но постои можност ZTE Blade S6 да биде пласиран и на други пазари што ќе доведе до интересна ситуација.
Автор: Aleksandar Stankov