Чудото од компјутер Raspberry Pi 2 ќе работи со Windows 10

Објавено на 02.02.2015 во Новости



Чудото од компјутер Raspberry Pi 2 ќе работи со Windows 10

Raspberry Pi 2 e иновативен модуларен компјутер кој се продава без куќиште само со матичната плоча и сите неопходни компоненти и приклучоци но, е многу атрактивен бидејќи чини евтини 35 долари и е наменет за креирање на мини компјутери, роботи, дронови и друг вид на електроника.
 
 
Raspberry исто така се пофали дека новиот модел Pi 2 е шест пати побрз и помоќен во однос на претходниот модел, а овозможена е и подршка за новиот оперативен систем Windows 10 со што перформансите се подигнати на многу повисоко ниво.
 
 
Raspberry Pi 2 е замислен како замена за традиционалниот персонален компјутер во стилот „направи сам“ но, пореално е дека ќе го користат стартап иноватори, истражувачи и креатори за нови Windows уреди.




Прочитајте повеќе: