Потенко од ова амин - Coolpad lvvi K1 Mini

Објавено на 05.02.2015 во Новости



Потенко од ова амин - Coolpad lvvi K1 Mini

Coolpad е новиот производител кој го урна светскиот рекорд за најтенкиот смартфон на светот со моделот lvvi K1 Mini кој е екстремно тенок со неверојатни 4.7 милиметри, а ќе се продава по цена од само 200 долари. 
 
 
За разлика од претходните најтенки рекордери Coolpad lvvi K1 Mini е наменет за средната класа со поскромен сетап на компоненти. Coolpad lvvi K1 Mini има 4.7 инчен 720p HD, четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 410 процесор, 1 GB RAM, 8 GB меморија, 8 мегапикселна камера, 4G LTE конекција и батерија со капацитет од 1800 mAh.