HTC One M9 прикажан со огромна камера

Објавено на 05.02.2015 во Новости



HTC One M9 прикажан со огромна камера

Се почесто протекуваат нови слики од дизајнот на HTC One M9 кој нема да се разликува премногу од претходните модели, но тоа се должи на воспоставување на веќе успешна формула. Новиот смартфон ќе има неколку драстични подобрувања, особено во делот на камерата која за прв пат е прикажана целосно во протечена слика.
 
 
Од неа може да се забележи дека HTC One M9 ќе има супер камера со 20 мегапиксели и широка леќа за собирање на што е можно повеќе светлина, а со тоа и многу подобар квалитет на сликите. Камерата би требало да има и оптички стабилизатор (OIS) за уште подобри и постабилни видеа. 
 
 
Покрај леќата може да забележиме и LED блиц со две светла што исто така оди во прилог на подобрување на квалитетот во темни услови. HTC One M9 го очекуваме на 1-ви март кога ќе видиме дали нашите прогнози се точни или не, но во секој случај смартфонот ќе биде екстра класа.