Смартфонот Kodak IM5 наскоро во Европа

Објавено на 12.02.2015 во Новости



Смартфонот Kodak IM5 наскоро во Европа

Познатиот фотографски бренд Kodak започнува со настап и во мобилната индустрија преку новиот смартфон Kodak IM5 чиј главен фокус секако ќе биде ставен на камерата, а наскоро се очекува и негов влез на европскиот пазар по цена од околу 250 евра.
 
 
Kodak IM5 располага со 5 инчен HD дисплеј, 13 мегапикселна камера која ќе понуди врвен квалитет и нов софтвер за складирање, споделување и уредување на слики, како и 5 мегапикселна камера на предната страна за селфи фотки и видео повици.
 
 
Смартфонот Kodak IM5 работи на осум јадрен MediaTek процесор од 1.7 GHz, 1 GB RAM, 8 GB меморија која ќе може да ја зголемите преку microSD картичка, додека пак за оперативниот систем е искористен верзијата на Android 4.4 KitKat. Продажбата на Kodak IM5 ќе се одвива онлајн преку Amazon и други интернет сервиси, а подоцна и преку продавниците за електроника.