Google Now ќе ви каже каде има евтино гориво

Објавено на 22.02.2015 во Новости



Google Now ќе ви каже каде има евтино гориво

Google ќе се погрижи вашето патување да биде безгрижно, па покрај сите новитети во апликацијата Maps добиваме и нови функции на смарт асистентот Google Now кој отсега ќе ве информира за сите бензиски пумпи во регионот каде патувате.
 
 
Овие информации може да бидат навистина корисни во моменти кога патувате низ предели кои не ви се познати или пак ноќе кога и не може најдобро да ги видите знаците за следната бензиска пумпа. 
 
Благодарение пак, на самите корисници кои споделуваат информации преку сервисот Waze ќе ви се прикажат и цените на горивото. Овој новитет заедно со сите информации поврзани со сообраќајот и навигацијата може да ги активирате на Google Now со поставување на рута или дестинација на патување.
 
Автор: Aleksandar Stankov