Google призна дека Google Glass се промашување

Објавено на 18.03.2015 во Новости



Google призна дека Google Glass се промашување

Google Glass беа пречекани со големо воодушевување уште при самото откривање во 2012-та, но потоа на површина испливаа сите можни проблеми кои доведоа до повлекување на очилата од продажба, па затоа конечно Google призна дека се големо промашување.

Од дивизијата Google X објаснија дека направиле грешка што дозволиле премногу да се крева фама и еуфорија за смарт очилата кои се уште не биле подготвени за продажба, туку само прототип наменет за девелопери. Google Glass беа забранети за користење во кино салите, кафе баровите, а одредени корисници беа и казнувани од сообраќајната полиција.

Тоа покажа прво дека општеството се уште не е подготвено за смарт очила како Google Glass кои може да ја нарушат приватноста, а како второ не ги исполнија ниту високите очекувања од технолошките можности, па затоа Google X си ја научи лекцијата и наредните модели ќе бидат пуштени во продажба дури кога доволно ќе се развие технологијата и свеста кај корисниците.

Автор: Aleksandar Stankov