Забрзувачот на честички активиран - Во потрага по нови универзуми

Објавено на 07.04.2015 во Новости



Забрзувачот на честички активиран - Во потрага по нови универзуми

Големиот Хадронски колајдер на CERN по две години пауза повторно е активиран со што деновиве ќе се изнаслушате за глупите тврдења дека црна дупка ќе ја проголта планетата, па затоа добро е да објасниме што ќе биде цел на истражувањето овој пат. 
 
 
Физичарите од CERN се надеваат дека ќе добијат значајни податоци за квантната механика која наместо да се контрира со Теоријата на општ релавитет ќе се поклопи и со позициите на Ајнштајн. Од двете навидум спротивни теории доаѓа до спој на т.н наречен дожд од гравитација термин кој се користи за постоењето на универзумот назад во времето без почетна точка на создавање како во Big Bang теоријата.
 
 
Целта на акселераторот ќе биде да пронајде мали црни дупки и oд тие податоци ќе може да се анализира дали постојат нови димензии за кои не сме свесни, па дури и можноста за постоење на паралелни универзуми. 
 
Ова оди во секторот научна фантазија или подобро кажано фантастична наука, што е секако многу возбудливо, но голем дел од научниците велат дека шансите се минимални, па проценуваат дека проектот на CERN овој пат ќе даде многу одговори за постоењето на темната материја која составува 25 проценти од универзумот.