Sony Lavender мириса на добар смартфон

Објавено на 09.04.2015 во Новости



Sony Lavender мириса на добар смартфон

Sony Mobile покрај новиот селфи смартфон Xperia Cosmos, најверојатно работи на уште еден интересен смартфон во средната класа Sony Lavender за кој полека се откриваат првите детали. 
 
 
Sony Lavender се претпоставува дека ќе има 5 инчен Full HD дисплеј, додека пак хардверот ќе биде предводен од осум-јадрен Mediatek процесор. Соработката на Sony Mobile и Mediatek ќе се интевизира оваа година за да се добијат смартфони со нешто пониски цени, а притоа да го задржат високото ниво на перформанси. 
 
За Sony Lavender се прогнозира дека ќе биде доволно квалитетен со 2 GB RAM, 16 GB меморија, слот за microSD картичка, камера со најмалку 13 мегапиксели, батерија од 2600 mAh, како и Android 5.0 Lollipop оперативен систем, па затоа со внимание ќе следиме како ќе се развива приказната во наредниот период.