BLU Selfie спремен за позирање со 13 MP камера

Објавено на 28.04.2015 во Новости



BLU Selfie спремен за позирање со 13 MP камера

Во ерата на селфиманијата речиси секој производител нуди смартфони со супер квалитетна предна камера, а во ова друштво влегува и новиот BLU Selfie кој може да се пофали со 13 мегапикселна камера со LED блиц на предната страна и екстра додатоци за одлични фотки.
 
 
BLU Selfie нуди и 4.7 инчен HD дисплеј, Octa-Core MediaTek MT6592 процесор, 2GB RAM, 16GB внатрешна меморија која може да се надополни преку microSD картичка до 64GB, батеријата има солиден капацитет од 2300mAh за цена од 249 долари.