Sony Lavender со целосен редизајн на Xperia
Објавено на 24.05.2015 во Новости
Sony Mobile се подготвува за промена на дијамантскиот дизајн кој беше карактеристичен за Xperia Z смартфоните со нова естетика која ќе има поголема ефикасност и целосна искористеност на предната површина на дисплејот. Прв смартфон од ваков вид ќе биде Sony Lavender од кого протекоа и првите слики.
Покрај за иновативниот дизајн за Sony Lavender се открива дека ќе има 5.5 инчен Full HD дисплеј, ќе работи на осум-јадрен Mediatek процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, како и две фантастични 13 мегапикселни камери со LED блиц. Sony Lavender ќе го користи Lollipop системот, а ќе може да работи со две SIM картички.
По зачестеното протекување на информации сега е сосема сигурно дека Sony Lavender ќе биде претставен наскоро кога ќе биде откриена цената и пласманот за купувачите.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.