Паметниот штеќер u:Plug лансиран од македонско-хрватски тим
u:Plug, е иновативен паметен штекер, изработен од младиот македонски претприемач Митко Цабевски и хрватските претприемачи Иван Јелушич и Даниел Рупиќ и од неодамна е официјално промовиран и пуштен во продажба.
Овој производ е лесен за инсталирање и користење преку само „една дупка во ѕидот“, без дополнителни алатки. Тој го заменува стандарниот штекер и му додава 2 USB портови од 2.0А и 5.0V кои служат како универзален полнач за сите мобилни уреди. Дополнително има сигурен држач за телефон, амбиентално светло за процесот на полнење и т.н. vampire drain technology.
Во првата фаза од развојот на овој проект, тимот доби инвестиција од бугарскиот инвестициски фонд – Елевен, а подоцна беа обезбедени и дополнителни инвестиции неопходни за да стартува производството.
u:Plug многу брзо се пробива на пазарот и веќе се пристигнати околу 40.000 нарачки. Започнати се и преговари со неколку големи хотели, хостели и големи модерни кафулиња, кои со инсталирање на u:Plug, ќе ја збогатат пондата за модерните и технолошки напредни клиенти.
Во малопродажба ќе се најде после два месеци, а во иднина се очекува овој производ да добие и бежична верзија. Инаку да потсетиме дека Митко Цабевски беше дел од првиот тим на telefoni.mk и неговата љубов кон технологијата и иновациите сме среќни што ја реализираше во конкретен производ, па затоа му посакуваме уште многу успешни проекти.
u:Plug може да се нарача на следнава веб страница: http://www.uplug.me