Google изгуби уште една голема битка

Објавено на 30.06.2015 во Новости



Google изгуби уште една голема битка

Google полека го губи теренот за најпрофитабилниот сервис Search кој повеќе нема да биде дел од веб гигантот AOL и од јануари 2016 ќе биде заменет со Bing. На овој начин Google ќе загуби околу 100 милиони долари годишен приход што можеби не е многу за нивнит бизнис вреден 11 милијарди долари, но полека Google Search е заменуван од конкуренцијата.
 
Претходно Mozilla го раскина договорот со Google Search и го одбра Yahoo, а исто така постои закана дека Apple ќе го отстрани пребарувачот од Safari во замена за Bing.