Вип и Оне се споија во еден оператор - Ова се промените

Објавено на 08.07.2015 во Новости



Вип и Оне се споија во еден оператор - Ова се промените

Со добивањето на дозвола од Комисијата за заштита на конкурецијата двата мобилни оператори Вип и Оне се споија во една компанија, со тоа што Телеком Австрија ќе добие контрола над операторот кој беше во сопственост на Телеком Словеније.

Комисијата исто така донесе заклучоци дека по настаната концетрација ќе дојде до одредени последици на пазарот на мобилни услуги и дигитална телевизија, па Вип и Оне како втор и трет оператор во Македонија се задолжени да создадат услови за влегување на нов виртуелен мобилен мрежен оператор.

Во делот на дигиталната телевизија и двете платформи Boom TV кој е во сопственост на Диги Медиа и Blizoo кој е во сопственост на Телеком Австрија ќе станат дел од иста компаниска структура. Нивна обврска ќе биде да достават директни ТВ услуги до крајни корисници, како и Pay per view сателитски програми.