TCL 3S M3G - колоритен и одлично дизајниран

Објавено на 11.07.2015 во Новости



TCL 3S M3G - колоритен и одлично дизајниран

Кога купувате смартфон, тогаш нормално е да сакате да биде екстра - квалитетен и со ниска цена. TCL 3S M3G ви нуди добри поволности со оглед на своите можности и малопродажната цена од 139 долари.



TCL компанијата има големо искуство во областа на телекомуникациските производи, особено смартфоните. Моделот 3S M3G се одликува со одличен дизајн, квалитетна изработка и прекрасен 5-инчен Full HD OGS дисплеј. Хардверот е прилично моќен - 64 битен процесор Qualcomm Snapdragon 615, со осум јадра и брзина од 1,5GHz. Има 2GB RAM меморија и 16GB меморија за складирање на податоци. Има поддршка за 4G LTE интернет и функционира со софтвер Android 5.0.



Ако сакате да фотографирате со мобилен, тогаш TCL 3S M3G нема да ве разочара, бидејќи задната камера изнесува 13MP Exmor RS CMOS f / 2.2 со супер сензор и прави одлични фотографии. Повеќе детали тука.