Безжични слушалки за да слушате буквално што сакате

Објавено на 15.07.2015 во Додатоци



Безжични слушалки за да слушате буквално што сакате

„Here Active Listening“ се безжични слушалки, кои ви овозможуваат фасцинантно искуство - со нив секој може да биде аудио инженер за звук и да се неутрализира несаканиот шум, како што е плач на дете во градски превоз или бучава од улица. Doppler Labs го креирала овој неверојатен производ, кој ќе се најде во продажба од јануари 2016 година.

„Со овие слушалки секој станува инженер за звук“, кажува претставник на компанијата во видеото. Целта на слушалките не е слушање на музика, туку можност за влијание врз звуците околу нас, исто како што е изборот и контролата за јачина на одреден звук, со помош на специјална апликација за смартфон. Слушалките функционираат како филтер, така што корисникот го слуша буквално само тоа што сака да го слуша.