Sony Ericsson K550

Објавено на 20.03.2007 во Рецензија



Sony Ericsson K550

Cyber-shot брендот доби нов член во семејството. Sony Ericsson К550 е богат со функции на камерата телефон, камера со 2 мегапиксели, апликации за фотографии, ФМ радио и слот за мемориска картичка. Одиме на прошетка со "помалиот брат" на К800.




Главни карактеристики:

  • - камера од 2 мегапиксели
  • - активно капаче на леќата
  • - М2 слот за мемориска картичка (доаѓа со 512 МВ картичка)
  • - Quad-band GSM/GPRS/EDGE поддршка
  • - поддршка за Bluetooth
  • - мултитаскинг
  • - мали димензии

Негативности:

  • - дисплеј со слаба резолуција
  • - снима видео само во "старовремската" QCIF резолуција


   ПРВ ВПЕЧАТОК

Sony Ericsson К550 остава фин впечаток на прв поглед. Има димензии од 102 x 46 x 14 милиметри и тежи само 85 грама. Стилизиран е според новиот Sony Ericsson стил - кружни копчиња за навигација и металик алфанумерички копчиња на тастатурата. Ова очигледно е дизајнот кој највеќе ќе го гледаме кај овогодинешните модели на SE. Дисплејот со големина од 176 х 220 пиксели има приказ на 262К бои, а околу него има сребренаста рамка која додава дополнна стилизираност на дизајнот.

На левата страна од К550 се наоѓа двојното копче за звукот и стандардниот fast Port за приклучување на слушалките, полначот и дата кабелот. Портот всушност е оној обичниот кој го користат сите модели на SE, но невообичаено е позициониран од левата страна, па затоа долниот дел изгледа малку "голо". На горната страна се наоѓа On/Off копчето.













Од десната страна е копчето за фотографирање, како и двојното копче за глас, кое служи и за зумирање кога е активна камерата.

Од задната страна, со отварање на активниот покривач на леќата, автоматски се активира интерфејсот на камерата. Веднаш до леќата се наоѓаат две LED диоди кои служат како блиц.





Во глобала, дизајнот и конструкцијата на К550 се сосема задоволителни, а пријатно е чувството кога го допирате и одлично "лежи" во рака.


ДИСПЛЕЈ

Дисплејот на К550 е направен користејќи ја ТFD (thin film diode) технологијата. Нуди ист квалитет на сликата како и TFT, но користи далеку помалку енергија. Дисплејот има добри перформанси, но нема премногу јасен приказ и нивоа на контраст. Да речеме дека TFD е задоволителен за оние кои не се претенциозни. Перформансите се добри и видлив е дури и кога е изложен директно на сончева светлина.



ЈАСНО И ГЛАСНО

Sony Ericsson К550 си ја врши одлично својата основна функција - повиците. Има одличен прием и јачина на сигналот и ги исполни нашите очекувања. Кога некој ве бара, ќе го чуете рингтонот дури и доколку сте на некоја бучна раскрсница, а вибрацијата е исто така силна.

МУЛТИМЕДИЈА

К550 поддржува MP3, AAC, AAC+, E-AAC+, WAV, WMA, M4A и MIDI формати на фајлови. Музичкиот плеер не е ништо посебно и изгледа како обичниот Sony Ericsson Walkman плеер користен во W сериите на шведскиот производител. Единствената разлика е што нема MegaBass еквилајзер. Бидејќи MP3, AAC, AAC+, E-AAC+, WAV, WMA, M4A and MIDI поддржува мултитаскинг, плеерот може да свири во позадина додека работите некоја друга апликација.

Видео плеерот е основниот и без некои посебни опции. Може да прикажува видео и на целиот екран. ФМ радиото има меморија од 20 станици и поддржува RDS.

ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ НЕ ГИ ИСПОЛНУВА ОЧЕКУВАЊАТА

Вградениот прелистувач е верзија која нема некои посебни опции и не можете да ги прегледувате страниците низ целиот екран.

ЗАКЛУЧОК

Брендирањето на К550 како Cyber-shot ни се чини повеќе како маркетинг трик отколку нов и силен играч кога станува збор за камерата. Камерата има добри перформанси, но не ја надминува онаа на K750.

Кога ќе сумираме, доколку цената е пристојна, овој модел може да ги освои срцата на корисниците, претежно на помладата генерација. Пристојната камера, слотот за мемориска картичка, големиот капацитет на батеријата и слично, се работи кои нема да ги најдете во другите уреди од неговата класа според цената.




Прочитајте повеќе: