Xiaomi под лупа - Злоупотребени ли се податоци на корисници?

Објавено на 10.05.2020 14:14 во Рецензија


Xiaomi под лупа - Злоупотребени ли се податоци на корисници?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Отворање на дискусија за начинот на кој се третираат податоците на корисниците

 

Negatives:

 

- Опасност за собирање и профилирање на податоците на корисниците



Целата рецензија

Xiaomi се најде под лупа на јавноста за наводната пракса за собирање на податоци од корисници на нивните смартфони кои потоа се испраќаат до нивните сервери, а притоа се користи многу слаба енкрипција, па истите може лесно да се декодираат и да се копираат за понатамошна употреба.

За што всушност се товари Xiaomi?

Наводниот скандал го откри безбедносниот истражувач Габриел Цирлиг кој го користел смартфонот Redmi Note 8 за дневна употреба. Цирлиг забележал дека речиси сите веб активности кои се спроведуваат преку Mi Browser, дури и при користење на инкогнито режим на веб сурфање, се снимаат и испраќаат на сервери кои иако имаат кинески домени се лоцирани во Русија и Сингапур. 

Mi Browser е апликацијата на Xiaomi која е прединсталирана на сите нивни смартфони со MiUi кориснички интерфејс и истата не може да ја избришете од уредот. За да не ја користите во системските поставки треба да наместите наместо Mi Browser да отворате линкови и веб страни со некој друг интернет прелистувач по ваш избор, иако треба да знаете дека многу од нив исто така собираат многу податоци за вашите секојдневни активности.

Цирлиг понатаму открива дека собирањето на податоци преку Mi Browser и Mint Browser се одвива дури и кога се користи познатиот веб пребарувач DuckDuckGo кој нуди врвна заштита на приватноста на корисниците и не собира дополнителни податоци.

Цирлиг смета дека проблемите влијаат на многу повеќе модели од оној што го тестирал. Тој преземал фирмвер за други телефони na Xiaomi - вклучувајќи ги уредите Xiaomi MI 10, Xiaomi Redmi K20 и Xiaomi Mi MIX 3. Според Цирлиг и овие модели го имаат истиот код на прелистувачот, што го наведува да се сомнева дека имаат исти проблеми со приватноста.

Xiaomi тврди дека нема злоупотреби

Од Xiaomi, пак возвратија дека сторијата на Цирлиг која ексклузивно беше објавена во магазинот Forbes е погрешна, дека неточно се интерпетирани фактите и дека компанијата постапува согласно сите закони за почитување на приватноста на корисниците и нивните информации. 

„Како интернет компанија, интернет безбедноста и приватноста на корисниците се основните принципи на Xiaomi и темел на нашата секојдневна работа. Нашите производи, технологии, перформанси и мерки за заштита на приватноста на корисниците постојано се подобруваат. Во најновото лансирање на нашиот систем, MIUI 12, до сега ги усвоивме најстрогите и транспарентни мерки за заштита на приватноста во индустријата. За дополнителна транспарентност, секогаш ги поздравуваме супервизиите, истражувањата и дискусиите од јавноста засновани врз факти за континуирано подобрување на нашите производи и услуги за нашите сакани корисници и Mi фанови“, изјавија од Xiaomi.

Исто така од компанијата излегоа и со скриншотови од кодот на оперативниот систем со апликацијата Mi Browser од кои се гледа дека не се собираат податоци за корисниците при употреба на инкогнито режимот за интернет сурфање. 

Xiaomi објави дека во следното ажурирање на прелистувачот, ќе им овозможи на корисниците да престанат да ги испраќаат своите посетени веб-страници до серверите на кинеската компанија.

Прелистувачите на Xiaomi ќе вклучуваат опција во инкогнито режим да одберат дали ќе испраќаат или не податоци за користење, а овие измени веќе се достапни преку Google Play. 

Финални забелешки

Статијата на Forbes поседува одредена доза на пристрасност, особено во формулациите со кои ја опишува кинеската компанија која инаку е еден од главните конкуренти на Apple на глобално ниво, а притоа не обрнува внимание на начинот на кој функционира оперативниот систем Android и Google Play,  кои се американски производи. Од друга страна пак, добро е да се истражува се повеќе за навиките на големите технолошки брендови да собираат бројни податоци за нивните корисници. Сосема јасно на сите нас, како корисници, треба да ни биде дека нашите податоци некој ги собира, ги обработува, анализира и потоа истите ги користи за свои потреби, цели и профити. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар