СМС наскоро заминува во историјата: RCS стапува на сцена!?

Објавено на 26.07.2017 во Рецензија


СМС наскоро заминува во историјата: RCS стапува на сцена!?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Мултимедија со аудио и видео;
- Енкриптирани пораки;



Целата рецензија

Rich Communication Services (RCS) е новата платформа што ќе се наметне како комбинација од Facebook Messenger, iMessage на Apple и WhatsApp. Од сите апликации ќе се креира само една платформа, што би била замена за стандардните СМС пораки, кои имаат многу ограничувања.

На кратко за СМС

Во 1982 година СМС е предложен за прв пат како дел од стандардите на втората генерација на GSM (Global System for Mobile Communications), зад која стоеше European Telecommunications Standards Institute (ETSI). Целта била да се испраќаат пораки преку систем што се контролира преку телефонскиот сообраќај.

Инженерите на ETSI откриле начин како да влезат пораките во системите, при што ќе биде флексибилен за да поддржува наплата во реално време. После 10 години развој, СМС ја доживеа својата експанзија во 1992 година, кога инженерот Нил Папворт испрати порака на Ричард Џарвис, кој бил корисник на Vodafone. Првата испратена СМС порака била "Merry Christmas" (Среќен Божиќ).

Во наредните 18 години, СМС пораките станале толку популарни, што до 2010 година се разменети 6,1 милијарди пораки. Денес имаме преголем развој на технологијата, но и покрај тоа, СМС пораките се уште се актуелни и се користат на големо. Смартфоните исто така не успеаја да ги тргнат СМС пораките од пазарот. RCS сега ќе го направи тоа.

Што е RCS?

Rich Communication Services, познати под името Advanced Communications, Joyn i Message+, е протокол што содржи многу подобра платформа од денешната. Протоколот е создаден со склучена соработка меѓу повеќе компании во 2007 година, при што во 2008 година е веднаш прифатено од здружението GSMA. Од Universal Profile, што претставува сет на спецификации за RCS, кои GSMA ги објави минатата година, ќе може да го користиме со цел да ја споделуваме нашата локација со другите корисници, да испраќаме фотографии, аудио и видео записи со висока резолуција, итн.

На тој начин ќе можеме да создаваме и да архивираме групи за размена на пораки, и да отстрануваме одредени членови од истите.Интересно е тоа што ќе има и потврда за примање на пораки и да дознаете кога точно ја прочитале. RCS ќе има поддршка за видео повици и аудио пораки преку интернет, како и приватни четови за двајца соговорници. Најважно е тоа што пораките ќе бидат енкриптирани, ќе можеме да ги користиме на било кој уред и софтвер, преку Wi-Fi.

Сето тоа ќе може да го користиме без потреба од креирање на корисничко име и логирање. Благодарение на RCS авио-компаниите би можеле да испраќаат пораки со кои веднаш би можеле да направат check-in, наместо СМС пораки и да добијат бординг карта (boarding pass), упатства како да стигнат до терминалот за качување и слично.

Бавно прифаќање на стандардите

До оваа година има помалку од 49 телеком оператори што прифатиле и го имплементирале RCS протоколот. Во Европа тоа го направиле само Deutsche Telekom и Vodafone. Производителите на опрема и потрошувачка електроника се агилни во таа процедура, како на пример: Alcatel, Asus, HMD Global, HTC, LG, Lenovo, Samsung, Sony, и ZTE. Од производителите на софтвери, пак, го прифатиле само Google и Microsoft. 

Google ја смета RCS како отворена платформа што ќе ги замени системите како што е iMessage, што функционира само на Apple уредите. Затоа во 2015 година компанијата го купи сервисот за размена на пораки Jibe, во кој е развиен софтвер за RCS на оперативниот систем Android, кој се базира на Universal Profile. За кратко време подоцна го покренаа Jibe Hub, платформа во cloud, која ги поврзува мобилните мрежи со клучната глобална инфраструктура за RCS.

Заклучок

RCS платформата значи дека ќе имаме збогатено искуство при размена на пораки со нашите најблиски и деловните соработници, во споредба со СМС. Со тоа безбедноста останува на високо ниво, затоа што ќе имаме енкриптирани пораки, а комуникацијата ќе се одвива многу полесно. Што мислите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle