Први слики од Samsung Galaxy Note 5 го откриваат дизајнот

Објавено на 05.08.2015 во Новости



Први слики од Samsung Galaxy Note 5 го откриваат дизајнот

На интернет протекоа првите слики од Samsung Galaxy Note 5 фатени во живо од прототип на новиот супер фаблет. Затоа може да ги видиме сите новитети во дизајнот кој има голема свежина и позајмува неколку елементи од Samsung Galaxy S6, вклучувајќи ја и заобленоста на задните рабови.

Под големиот 5.7 инчен дисплеј повторно ќе биде поставено физичко Home копче со вграден скенер за отпечатоци, а за хардверот ќе бидат искористени 4 GB RAM, како и меморија од 32, 64 и 128 GB. 

Samsung Galaxy ќе работи со нов осум-јадрен процесор, а ќе донесе 16 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 3000 mAh, како и Android 5.1 Lollipop. Промоцијата на Samsung Galaxy Note 5 е закажана за 13 август.





Прочитајте повеќе: