Импресивниот LG V10 го стартува глобалниот пласман

Објавено на 30.10.2015 во Новости



Импресивниот LG V10 го стартува глобалниот пласман

LG Mobie го започнува глобалниот пласман на атрактивниот LG V10 откако во домашната Република Кореја немаше голем успех со продажбата, па сега ќе се обиде да се наметна на американскиот пазар преку најголемите оператори, а со продажба ќе статува и во Кина. Во наредните денови ќе добие и поширок пласман во Азија и Северна Америка, а кон крајот на година очекуваме да пристигне и во Европа.

LG V10 е еден од најатрактивните смартфон со два екрани, од кои едниот е со Quad HD резолуција, а вториот е помошен и прикажува голем број на корисни информации, работи со шест-јадрен Snapdragon 808 процесор, 4 GB RAM, 64 GB меморија, 16 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 3000 mAh.