Samsung Galaxy S7 тропа на врата

Објавено на 10.08.2015 во Новости



Samsung Galaxy S7 тропа на врата

Samsung Galaxy S6 и неговиот брат Galaxy S6 Edge не се продаваат многу, при што очигледно јужнокорејскиот гигант има нов план за излез од оваа ситуација - порано откривање на новата Galaxy S7 линија.

Samsung сака да игра на сигурно и ќе го забрза процесот на пласирање за нивните носечки производи, што ќе поттикнат и порано на откривање на новите flagship модели во почетокот на 2016 година. Оваа стратегија за Samsung претставува голема промена во традицијата што ја следеа сите досегашни Galaxy S модели, чија прва верзија имавме шанса да ја гледаме во март секоја година. 

Се уште нема многу детали за новиот уред, знаеме само дека камерата на новата S-седмица би требало да има 16MP CMOS сензор. 

Очекуваме уште нови информации до јануари 2016 година.