Најголем хакерски напад досега врз iPhone со Jailbreak

Објавено на 02.09.2015 во Новости



Најголем хакерски напад досега врз iPhone со Jailbreak

Кинеската хакерска група WeipTech стои зад најголемиот напад врз iPhone корисниците кои извршиле Jailbreak на својот смартфон со пласирање на штетниот софтвер KeyRaider кој успева да ги украде личните и безбедносните податоци. Компанијата PaloAlto Networks за интернет безбедност проценува дека околу 225 илјади смартфони на iPhone се пробиени.

KeyRaider малверот е сместен во кинеските веб и мобилни апликации за Jaiblreak на iPhone и се раширил низ повеќе земји, таргетирајќи ја корисничките сметка на iTunes, безбедносните податоци од Apple ID, корисничкото име и лозинката. Хакерите со овие информации може да направат огромна штета. 

Дел од оштетените корисници добивале уцени да платат откуп за нивниот iPhone да им биде вратен во нормала, додека пак од други корисници биле превземани апликации и содржини од iTunes без нивно знаење со што им е направена голема финансиска штета.





Прочитајте повеќе: