Meizu ќе докаже дека е профи на 25 септември

Објавено на 11.09.2015 во Новости



Meizu ќе докаже дека е профи на 25 септември

Meizu им порача на корисниците дека ќе лансира нова серија на премиум смартфони кои ќе ги понудат најквалитетните компоненти на пазарот и наместо неефикасниот Snapdragon 810 процесор кој се покажа како најпроблематичен ќе го користат осум-јадрениот процесор на Samsung.

Ова е само потврда на претходните информации кои ги пренесовме дека Meizu подготвува смартфон кој ќе биде комбинација на компонентите на Samsung и естетскиот дизајн на iPhone, но без голема доза на копирање. Новиот Meizu Pro 5 пристигнува на 25 септември кога ќе бидат познати сите детали околу спецификациите и цената.