Samsung ќе го лансира смартфонот што се превиткува

Објавено на 15.09.2015 во Новости



Samsung ќе го лансира смартфонот што се превиткува

Samsung конечно е подготвен да го лансира смартфонот на превиткување чија експериментална верзија ја покажа на CES уште пред две години. 

Најновите информации велат дека технологијата на превиткување е усовршена и корисниците ќе добијат телефон со пластичен дисплеј кој ќе може да се витка на две за полесно да го собере во џеб, а ќе се гарантира и неговата издржливост, па така при паѓање на земја екранот нема да се скрши. 

Промоцијата на Samsung Project V е предвидена за почетокот на 2016-та и овој уред може да биде дел од понудата на Galaxy S7 со осум-јадрен Snapdragon 820 процесор.