Facebook ќе праќа известување кога ве шпионираат

Објавено на 20.10.2015 во Новости



Facebook ќе праќа известување кога ве шпионираат

Facebook објави дека ќе ги известува своите корисници кога ќе детектира дека шпионските агенции ќе се обидуваат да ги пробијат нивните приватни пораки. 

„Секогаш водиме грижа за да обезбедиме налози кога сметавме дека корисниците се компромитирани. Затоа одлучивме да им испраќаме известувања на корисниците кога имаме основано сомнение дека владата на некоја држава се обидува да ги прислушкува. Ова го правиме затоа што овој вид на напад е се понапреден и поопасен од другите, па ги охрабруваме луѓето да ги обезбедат своите онлајн налози“, истакнал Алекс Стамос, директорот за безбедност во компанијата Facebook.

Ако Facebook се посомнева дека вашиот профил се прислушкува, ќе ви се прикаже следната порака:

Стамост вели дека Facebook најверојатно нема да може да понуди дополнително објаснување поради кое се сомнева дека вашиот профил е загрозен. Исто така нема да каже ниту која влада се обидува да ве прислушкува.