Google сака да регрутира повеќе дами програмерки

Објавено на 03.11.2015 во Новости



Google сака да регрутира повеќе дами програмерки

Интересно е тоа што Google го забележува она што ние во секојдневието не го гледаме. Жените како професионални програмери се уште ги има во многу низок процент, односно само 20% од жените се наоѓаат на позиција на инженер или директорка на компанија. 

Google го утврдил овој глобален проблем и сака да им излезе во пресрет на жените, со тоа што ги охрабрува со документарниот филм CODEGIRL. Не знаеме што точно наумил гигантот и која е неговата причина или корист од сево ова. Како и да е, жени, охрабрете се доколку имате желба за софтверско инженерство. Филмот е сниман со 5.000 девојки, кои доаѓаат од 60 различни земји и имаат за задача да креираат апликација, со кој ќе решат проблем во својата локална заедница. Ако сакате да дискутирате за филмот, можете да се вклучите со хаштагот #rallyforcodegirl.