Каков дисплеј ќе има Samsung Galaxy S11?
Објавено на 16.10.2019 во Новости
Иако до пласманот на новиот премиум смартфон Samsung Galaxy S11 има речиси шест месеци, веќе започнаа да излегуваат протечени информации за тоа какви спецификации ќе има.
Најновата вест е дека Samsung Galaxy S11 ќе располага со нов размер на дисплејот од 20:9 со што ќе биде за нијанса повисок од претходникот.
Тоа значи дека екстра просторот може да подобро да се искористи во Infinity дисплејот за сместување на предната селфи камера.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.