Google Pixel Buds ја затресуваат позицијата на AirPods

Објавено на 20.10.2019 во Новости



Google Pixel Buds ја затресуваат позицијата на AirPods

Google Pixel Buds се безжични слушалки што беа пред некој ден презентирани, кои ќе бидат директната конкуренција на AirPods. Зошто? Затоа што се мали и се одликуваат со дизајн што дава одличен звук.

Adaptive Sound опцијата овозможува динамичко прилагодување на јачината на звукот врз основа на бучавата во опкружувањето. Слушалките функционираат и од далечина, преку Bluetooth со смартфон може да се поврзаат на неверојатна далечина од 90 метри. Pixel Buds имаат Google Translate и Google Assistant, а нивната цена ќе биде 179 долари и ќе се продаваат од следната година. 





 
Најнови телефони
 
 


{}