Автопилотот на Tesla го спаси возачот од мечка на автопат

Објавено на 21.10.2019 во Новости



Автопилотот на Tesla го спаси возачот од мечка на автопат

Автопилотот е најинтересната опција кај автомобилите на Tesla, при што досега на интернет сме виделе бројни видеа во кои технологијата ги спаси возачите од сообраќајни несреќи. Се уште не е усовршен автопилотот доволно за да би бил оставен сам на себе.

Од Tesla постојано ги предупредуваат сопствениците на нивните возила дека не станува збор за Автопилот што може сам да управува со автомобилот, туку за асистент што помага во возењето. Така во Монтана, САД, автопилотот забележал како мечка го преминува автопатот со своите младенчиња и ги спасил сите животи. Гледајќи го видеото, станува јасно дека возачот не би имал доволно време да го запре возилото при брзината од 80км/ч.