Пристигна Huawei Y9s со топ камера и цена

Објавено на 10.11.2019 во Новости



Пристигна Huawei Y9s со топ камера и цена

Huawei лансираше нов смартфон во средната класа со топ камера и пристојна цена која ќе го направи достапен за поголем број на купувачи.

Новиот Huawei Y9s располага со 6,59 инчен Full HD Plus дисплеј, работи со осум-јадрен Kirin 710F процесор, 6 GB RAM, 128 GB меморија, и батерија со капацитет од 4000 mAh.

Секако главниот адут на Huawei Y9S е тројната главна камера со примарен сензор од 48 мегапиксели, како и селфи камерата со 16 мегапиксели. Уредот ќе се продава за цена од околу 200 евра.