Samsung S8600 Wave 3 доаѓа во октомври

Објавено на 21.09.2011 во Новости



Samsung S8600 Wave 3 доаѓа во октомври

 

Добри вести, фанови на Bada. Новиот и очекуван телефон е непосредно пред нас, пристигнува во октомври, а тоа го потврдија и официјално од Samsung.
 
Пред тоа само слушавме дека телефонот треба да се појави во четвртото тромесечје од годинава, но октомври е најдобар избор од тие месеци.
 
Според изворите, иако оваа информација дојде на „денот на програмерите“ во Индија, сепак Европа е таа која прво ќе го добие Samsung S8600 Wave 3, додека во Индија ќе дојде во ноември.
 
Така што, за сите оние кои сакате да го испробате системот Bada 2.0 на 4 инчен Super AMOLED дисплеј или вадите парите од касичката или веќе почнете со штедење.