Sony Xperia 1 II доаѓа до крајот на месецов

Објавено на 14.04.2020 во Новости



Sony Xperia 1 II доаѓа до крајот на месецов

Sony Mobile мораше да одложи дел од плановите за големи презентации на премиум моделите откако MWC 2020 конгресот во Барселона на се одржа поради ширење на корона вирусот. Со оглед на тоа што имаше доволно време за прилагодување на состојбите веќе сосема извесно е дека наскоро ќе го видиме очекуваниот Sony Xperia 1 II.

Според најновите информации Sony Xperia 1 II би требало да биде достапен до крајот на овој месец со цена од околу 1200 евра.

Досега за Sony Xperia 1 II се шпекулира дека ќе располага со 6.5 4K OLED дисплеј со 21:9 размер, три сензори на главната камера по 12 мегапиксели, ќе работи со моќниот осум-јадрен Snapdragon 865 процесор и ќе има поддршка за 5G мобилна конекција.