Јужна Кореја се очекува да продаде 8,4 милиони 5G уреди за 2020

Објавено на 15.04.2020 во Новости



Јужна Кореја се очекува да продаде 8,4 милиони 5G уреди за 2020

Кај нас се уште се спроведува инфраструктурата за 5G мрежата, а на развиените места веќе има 5G корисници со милионска цифра. Со оглед на тоа што има многу гиганти во Јужна Кореја, се очекува висока продажба на 5G телефоните.

Прогнозата е да се продадат 8,4 милиони уреди во Јужна Кореја за 2020 година, со оглед на тоа што има голема конкуренција и секој производител се бори за подобра позиција на пазарот со подобра цена за 5G мрежа. 5G уредите се очекува да имаат удел од неверојатни 48% на вкупниот пазар на смартфони во Јужна Кореја, додека ланската година нивниот удел беше 28%. Бројот на претплатници на 5G мрежата во земјата моментално изнесува 5,77 милиони.