Samsung Omnia W на виделина
Објавено на 26.09.2011 во Новости
Samsung Omnia W туку што се приклучи на Windows Phone Mango елитата.
Ознаката „W“ значи Wonder (чудо), односно високи перформанси.
Во однос на дизајн, тој е сличен како Omnia, но наместо да оди со стрикно остри агли, рабовите се заоблени.
Од перформансите може да се пофали со 3,7 инчен WVGA Super AMOLED дисплеј, додека работи на процесор од 1.4GHz заедно со 512MB RAM меморија. Од позади има камера од 5 мегапиксели која снима со 720p, додека предната е само VGA за видео повици.
Останатот е стандадно - 14.4Mbps HSPA за поврзување, 8 гига внатрешна меморија, Bluetooth 2.1, Wi-Fi b/g/n и A-GPS.
Телефонот на европските пазари се очекува на крајот од октомври.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.