Facebook отстрани 4,7 милиони објави со говор на омраза

Објавено на 14.05.2020 во Новости



Facebook отстрани 4,7 милиони објави со говор на омраза

Facebook во вторникот објави известување за огромен број на постови отстранети од страна на администрацијата, кои поттикнувале насилство и говор на омраза. Тоа се случило поради технолошките подобрување за автоматско препознавање на фотографиите и текстовите за таквата содржина.

Најголемата социјална мрежа во светот отстранила околу 4,7 милиони објави, поврзани со организациите што шират омраза во првото тримесечје на 2020 година, во споредба со 1,6 милиони објави со таква содржина во истиот период на 2019.