Профилот на Доналд Трамп на Twitter сепак останал поштеден

Објавено на 17.07.2020 во Новости



Профилот на Доналд Трамп на Twitter сепак останал поштеден

Сите се прашуваат дали профилот на Доналд Трамп бил поштеден за време на хакерскиот напад врз најпопуларните профили на Twitter. Одговорот е да, но зошто? Затоа што Трамп е најпопуларен профил на социјалната мрежа и хакерите сметале дека тој има поголема заштита на профилот, сметаат аналитичарите.

Причината за дополнителна заштита на неговиот верификуван профил е тоа што во 2017 година имаше инцидент кога еден вработен на Twitter, што имал администраторско овластување, на последниот работен ден во компанијата го избришал профилот на Трамп од таа мрежа.