Netflix шампионски со над 1 милијарда преземања за Android
Објавено на 29.07.2020 во Новости
Netflix е новиот шампион на мобилните апликации за Android успевајќи да влезе во елитното друштво со бројка од над 1 милијарда преземања.
Netflix е речиси единствениот извор на филмови и серии во време на пандемија со КОВИД-19, па така сосема очекувано е нивниот успех да се гради постојано.
Бројката од 1 милијарда преземања е вистинско достигнување бидејќи тоа ретко на кого му успева ако нема апликација која е стандардна за Google или пак од портфолиото на Facebook социјалните мрежи.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.