Amazon претстави дрон што ќе лета и ќе ви го пази домот кога отсуствувате

Објавено на 27.09.2020 во Новости



Amazon претстави дрон што ќе лета и ќе ви го пази домот кога отсуствувате

Amazon и неговата компанија Ring го претставија новиот уред Always Home Cam, кој е сместен на специјална подлога, за да може да полета кога сопствениците ќе го повикаат преку мобилна апликација. 

Со оглед на тоа што уредот има камера, сопственикот ќе може да го следи неговото движење и се што снима од екранот на мобилниот. Може и да се програмира во одреден период од денот, а веднаш ќе реагира ако се активира Ring alarm со предупредување во случај на грабеж. Веднаш полетува и го известува сопственикот.

Корисниците што сакаат максимална безбедност на своите домови, мора да постават камери во сите простории, а со Alway Home Cam едноставно ќе го решат тој проблем, оти ќе им биде доволен само дрон со камера. Неговата цена ќе биде 250 долари кога ќе излезе на пазарот во 2021 година. 





Прочитајте повеќе: