Google Recorder доби многу нови функции

Објавено на 15.10.2020 во Новости



Google Recorder доби многу нови функции

Google лансираше нова верзија на Record апликацијата за снимање на звук најпрво на Pixel 5 смартфоните, а истата ќе биде достапна и за останатите Android смартфони.

Google Recorder овозможува да снимите аудио како интервју или гласовна белешка и потоа звукот да го претворите во текст.

Новите функции овозможуваат едитирање на снимениот материјал и негово споделување на социјалните мрежи. Со селекција на дел од текстот може директно да се селектира и соодветното тонско парче и истото да се исече со што непотребното аудио може да го избришете.