BlackBerry 9980 Porsche Design

Објавено на 22.10.2011 во Новости



BlackBerry 9980 Porsche Design

 

Излгеда дека деновиве RIM не престанува да изненадува во секој поглед, а најново е дека тие се здружија со престижната компанија Porsche за да го редизајнираат познатиот BlackBerry 9980.
 
На Porsche не им ниту од далеку прв пат да се нафатат на ваков потфат, така што постојат многу телефони, таблети и лаптопи кои го носат логото на познатиот бренд – заедно со неговите перформанси.
 
Овој пат се работи за новото партнерство со RIM на задача за редизајн на еден од нивните понови модели - BlackBerry 9980.
 
Имено се работи за смартфон со процесор QC8655 на 1.2GHz, дисплеј со резолуција од 640 x 480 пиксели, камера од 5 мегапиксели, 8GB меморија на располагање и оперативниот систем BB OS 7.0.
 
Искрено не се знае точната улога на Porsche тука, но претпоставуваме како и со другите телефони така и тука ќе можеме да слушнеме познати звуци од брендот како и уште поубави позадини и теми.
 
Сè уште не се знае кога ќе го видиме телефонот официјално, но веројатно ќе дознаеме нешто повеќе на лансирањето на 27-ми октомври.