PlayStation 5 ќе нема ниту за лек низ продавниците и во наредната година

Објавено на 10.05.2021 во Новости



PlayStation 5 ќе нема ниту за лек низ продавниците и во наредната година

Sony најверојатно ќе има претешка задача да одговори на огромната побарувачка од страна на фановите, па затоа се предвидува сценарио според кое ќе има ограничени количини на новата гејмерска конзола PlayStation 5 во физичките продавници.

За одредени поразвиени земји е многу полесно гејмерите да извршат онлајн нарачка директно од главните канали како и преку официјалниот веб сајт на Sony. Сепак, помалку развиените земји немаат лесен пристап до големите веб доставувачи како eBay, Amazon и веб сервисот на Sony.

Затоа се очекува гејмерите повеќе среќа да имаат преку онлајн нарачки иако и тоа нема да биде доволно за да се задоволи побарувачката. Според прогнозите на Sony оваа година ќе бидат продадени околу 15 милиони примероци на PlayStation 5, а проблемот со ограничените количини лежи во светскиот недостиг на процесори кој ја погоди компјутерската и мобилната индустрија.