Rimac денес го претставува серискиот автомобил C_Two

Објавено на 01.06.2021 во Новости



Rimac денес го претставува серискиот автомобил C_Two

Се уште сме во неизвесност за името на новиот автомобил на Rimac, кој излегува денес. „Вторник го чекам како што децата го чекаат Божиќ“, напиша Mate Rimac на својот Facebook профил пред три дена.

Сите се возбудени од новиот хиперавтомобил на Rimac Automobili, кои настанот ќе го одржат денес во 13.00 часот, по наше време. Новиот автомобил C_Two ќе биде со уште поекстремни перформанси.