Huawei ги претстави новите P50 и P50 Pro, ама само за Кина

Објавено на 30.07.2021 во Новости



Huawei ги претстави новите P50 и P50 Pro, ама само за Кина

Huawei одржа онлајн презентација за најновите смартфони P50 и P50 Pro, кои не се со 5G мрежа, туку само со 4G. Huawei става посебен акцент на камерата, која јасно го покажува задниот дизајн на мобилниот, со кој што доминира оваа овална испакнатина со два круга во кои што има вкупно четири камери.

P50 Pro има сет од четири задни камери: 50MP + 64MP + 40MP + 13MP. P50 има тројна задна камера: 50MP + 12MP + 13MP. Телефото камерата е послаба и изоставена е монохроматската камера. P50 ја има само предноста со подобар оптички зум од 5х, во споредба со посилниот брат кој располага со 3,5x оптички зум.

P50 серијата се одликува со OLED дисплеј од 6,6 инчи од 120Hz, резолуција од 2700x1228 пиксели и 450ppi, батерија од 4360mAh, супербрзо полнење од 66W и безжично полнење на 50W. P50 има Kirin 9000 процесор, a Pro верзијата е со Qualcomm Snapdragon 888 4G процесор. P50 серијата под хауба има 8GB работна меморија и 256/512GB меморија за податоци.

Двата телефона имаат IP68 сертификат за водоотпорност и доаѓаат со Harmony оперативен систем. За жал, P50 серијата моментално е ограничена само за кинески пазар. Цената на основниот P50 модел во Кина изнесува 4488 јуани, а P50 Pro моделот 5980 јуани. Се уште немаме информации кога и дали ќе биде достапен кај нас.

Целосната презентација на телефоните ја имате на видеото одозгора.

Автор: Aleksandar Stankov