Samsung Galaxy S II Skyrocket во бело руво
Објавено на 03.12.2011 во Новости
Американскиот оператор AT&T и Samsung најавија дека наскоро, пред пазниците, на пазарот ќе се најде бела верзија на 4G LTE Samsung Galaxy S II Skyrocket .
Под белата школка на Galaxy S II Skyrocket ќе се најде дво-јадрен процесор на 1.5GHz, гига RAM меморија и познатиот 4.5 инчен Super AMOLED Plus дисплеј. Еве и некои фотограгии за убавецот.
Е сега, најинтересниот дел е што тие најавија дека во САД официјално излегува на 4 декември, но најавија и планови да се претстави и кај нас, т.е. прво во поголемите земји во Европа, па нешто подоцна и кај нас во Македонија.
Зар не би сакале да имате еден ваков?!
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.