Најновите рендери го откриваат реалниот Pixel 6 5G и Pixel 6 Pro во неколку бои

Објавено на 16.10.2021 во Новости



Најновите рендери го откриваат реалниот Pixel 6 5G и Pixel 6 Pro во неколку бои

Google следната недела ќе ги открие новите Pixel 6 и Pixel 6 Pro. Во меѓувреме се појавуваат слики од сите страни, а типстерот Иван Блес објави нови рендери од двата телефона кои изгледаат многу реално.

Pixel 6 ќе биде со Corning Gorilla Glass Victus заштита на AMOLED екранот, кој пристигнува со големина од 6.4-инчи и 90Hz, резолуција од 1080 x 2340 пиксели и сооднос на екранот од 19.5:9. 

Со сопствениот Google Tensor чип под хауба, стандардниот модел ќе биде со 8GB RAM меморија и 128GB, или пак со 256GB меморија со доплата. Од задната страна имате камера од 50MP + 12MP, додека предната камера ќе биде 8MP. Батеријата доаѓа со 4614mAh.

Pixel 6 Pro ќе биде премиум моделот со 6.71-инчен AMOLED дисплеј и резолуција од 1440 x 3120 пиксели и сооднос на екранот 19.5:9. "Pro" верзијата ќе биде со 120Hz и истиот Tensor чип со 12GB или 256GB или 512GB меморија. Камерата ќе биде со 50MP +  48MP и оптички 4x оптички зум од, додека предната селфи камера 12MP.