J.P. Morgan отвара виртуелен банкарски салон во Metaverse

Објавено на 17.02.2022 во Новости



J.P. Morgan отвара виртуелен банкарски салон во Metaverse

Големата банка J.P. Morgan се спрема за иднината во која што се очекува се повеќе корисниците да го минуваат времето, т.е. metaverse. J.P. Morgan смета дека овој нов пазар има огромен потенцијал каде што ќе се вртат билиони долари. „Кога ќе размислите за metaverse, потенцијалот се наоѓа практично во секој пазарен сегмент“, објавено е во извештајот на банката. 

Во виртуелните простори луѓето ќе живеат, ќе работат и ќе се забавуваат како и во реалниот живот. Затоа ќе им требаат и банкарски услуги. Инаку, J.P. Morgan го отвори својот прв виртуелен lounge во metaverse Decentraland, затоа што сака да има голема улога во metaverse.